This page uses the IP-to-Country Database provided by WebHosting.Info (http://www.webhosting.info), available from http://ip-to-country.webhosting.info
Дел од членовите на Спортско Планинарскиот Клуб „Магаро“ - Охрид се обучени во Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина и се имаат стекнато со лиценци за професионални водичи во планина, кои ги имаат добиено од Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина, која асоцијација на ден: 7. Ноември 2008 година стана членка во меѓународната унија на професионални водачи во планина (UIMLA - Union of international mountain leaders associations).Македонија е единствената членка од земјите на Балканот која е членка во UIMLA. UIMLA е од огромно значење за нашите членови бидејќи истите можат да водат клиенти од надвор на планините низ Македонија, но исто така можат да водат клиенти и надвор од границите на нашата држава бидејки лиценцата со која се имаат стекнато е интернационално призната. .Сите идни членови на Спортско Планинарскиот клуб „Магаро“ - Охрид можат да се стекнат со оваа лиценца доколку посетуваат дел од семинарите и обуките кои ги врши Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина.
Согласно правилникот за работа на Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина, професионалните водичи во планина, со стекнатата лиценца, постојано или повремено се занимаваат со:
Водење лица на планински тури во зимски и летен период.
Стручни обуки од областа на планинарство.
Водичите на планина при вршење на својата професија должни се:
Да ги превземат сите потребни мерки за безбедно одвивање на планинарската тура.
Да неводат повеќе од 10 клинти во летен и 6 клиенти во зимски период.
Да ги предупредуваа и информираат своите клиенти за сите согледувања и промени за време на турата, а клиентите се должни да придржуваат до добиените инструкции.
Да ја прекинат турата доколку клиентитене ги почитуваат инструкциите и имаат право да ја наплатат предвидената таифа.
Да ја прекинат турата зарадивиша сила.
Во случај на несреќа да укажат помош на повредените.