|
Планинарски клуб
|
Членовите на СПК ,,Магаро,, Охрид во пресрет на зимата си поставија за цел реализација на повеќе долги еднодневни тури, како и повеќедневни зимски трансверзали во текот на наредниот период, а се со цел подигање на општофизичката и специфично-тактичката подготвеност, како и неопходното искуство за самостојно делување во сурови зимски услови на планина. Паѓањето на првиот снег беше одлична можност за започнување на спомнатата серија од планинарски тури, така што на 12.12.2009 год., во 06.30 часот, шестчлената екипа во состав: Борис, Горан, Кире, Жура, Цики и Мите, започна со реализација на еднодневна тура од Охрид, преку селото Велестово, месноста Студино, врвот Бугарска чука, врвот Лако Сигној, се до спасителната станица на Липова ливада. Во летни услови оваа тура е помината за осум часа, па очекувањата беа дека истата во зимски услови би се поминала за околу десет часа. |
|
Читај повеќе
|
|
|
Рано утрината на ден 22.11.2009 (недела), во 5:45 часот, пред дворот на елитниот општински електро машински училишен центар ,,Св. Наум Охридски” во Охрид, петчлена група членови на С.П.К. ,,Магаро” (Кирил, Жура, Васко, Марјан и Диме), го започна своето патување кон пл.Баба со цел искачување на врвот Пелистер. По пристигнувањето во пазувите на пл.Баба, возилото го оставивме на паркингот пред хотел ,,Молика”(1430 м.н.в.) и во 7:05 започнавме да пешачиме кон планинарскиот дом Копанки(1615м.н.в.). По половина саат се наоѓавме пред домот, каде се напивме топол чај и од домарот добивме информација за состојбата на патеката Камењар, која што беше претходно избрана како патека за искачување до врвот. Во 7:45 започнавме со искачување низ борова шума, по маркирана патека Камењар, за по нецел час во 8:43 да излеземе од шумата, кај местото Извидница (1936 м.н.в.). |
|
Читај повеќе
|
|
На 15 октомври 2009, петчлена група на СПК ”Магаро”, составена од Мите, Гоце, Кристијан, Игор и Марјан, заминаа на планинарска тура до месноста Студино. Групата тргна од бензиската пумпа Билјанини Извори во 7 и 30. По еден час пешачење, се искачивме на Елен врв од каде се гледа целиот град. По кратка пауза продолживме накај станицата над селото Горно Коњско. Направивме мала пауза, која ја искористивме за мал час по ориентација и одредување на нашата местоположба на карта. Тргнавме накај Студино. Временските услови за време на целата тура беа одлични. а околу пладне пристигнавме во Студино. Се подзасолнивме од ветерот, направивме пауза и тргнавме за назад. Се враќавме по Досадната патека. По околу седум часа испешачивме дваесет километри. Tекст: Димитров Димитри |
|
|
Тргнавме утрото во 8 часот од бензинската пумпа „Биљанини Извори“, турата беше планирана од Охрид, па до планинарскиот дом на Галичица. Знаевме дека ќе е тешка тура, ама то шо бевме излезени до 3 сатот претходната вечер не ни помогна баш многу многу. И така почнавме да се искачуваме накај село Велестово, времето беше супер, друштвото исто така. Бевме четворица, јас (Игор), Мите, Кире и Ќосон. Одевме нагоре покрај Велестово накај Студино, таму одмаравме малку пред да тргниме нагоре накај врвот Бугарска Чука. Одевме уште еден сат нагоре ама се качивме како што испланиравме, што ми се виде прилично напорно, дали дека бев ненаспан или пак малку сум ослабел кондициски. |
|
Читај повеќе
|
|
На 11 окт 2009 год. Богданоски Александар, Цицкоска Елена, Џамбазоски Љубчо, Шишкоски Кирил, Жура Григор, Стевоски Васко, Миленкович Антонио и Арнаудов Борис, сите членови на СПК "Магаро" од Охрид, заминаа на искачување на врвот Љуботен на Шар Планина.
Вечерта околу 10 часот пристигнавме во село Вратница, од каде пеш тргнавме кон домот Љуботен. Околу 12 часот пристигнавме пред домот, каде и ги поставивме шаторите и тука преноќивме. Пешачењето кон домот беше прекрасна ноќна прошетка, а за тоа придонесе чистото небо осветлено од полната месечина и изненадувачки високата температура за овој период од годината. |
|
Читај повеќе
|
|
|
|
|
<< Start < Prev 1 2 Next > End >>
|
|
Page 1 of 2 |
|