Спортско планинарско друштво МАГАРО

Спортско планинарско друштво МАГАРО

English Bulgarian Croatian French German Serbian Slovenian Macedonian
Banner

On-line Подршка

Skype Me

Посетеност на сајтот

29941
ДенесДенес17
ВчераВчера28
Оваа неделаОваа недела73
Овој месецОвој месец73
Сите деновиСите денови29941
US

This page uses the IP-to-Country Database provided by WebHosting.Info (http://www.webhosting.info), available from http://ip-to-country.webhosting.info

Спасителна акција на Јабланица

Поради лошата општа состојба на повредениот веднаш му беше укажана неопходната прва помош со што беше избегнато понатамошно влошување на неговата состојба. По првичното згрижување на повредениот веднаш беше започнат негов транспорт кој го изведоа членовите на тимот со помош на пријателите на повредениот и по околу два часа во 17:00 часот повредениот беше ставен во теренско возило на граничната полиција кое ја очекуваше групата на соодветна локација до која може да се стигне со возило. Во селото Горна Белица повредениот го презеде екипа за итна медицинска помош која го пренесе лицето во Специјалната болница Св. Еразмо Охрид. 

 

Оваа, како и неколкуте претходни акции на единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, укажува на неопходноста од нејзиното постоње како и на птребата од помагање на истата од страна на локалните и националните власти. Сите средства со кои располага единицата, едуцираноста и стручноста на кадарот како и трошоците за време на спасувачките акции во моментов се на трошок на Црвен крст Охрид како и на личен трошок на спасувачите-алпинисти кои доброволно и волонтерски ги изведуваат овие операции во технички сложени услови за работа.

Црвен крст Охрид ја користи оваа прилика повторно да апелира и ги повикува локалните власти, Секторот за внатрешни работи од Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи како и сите останати општествени структури надлежни во овој сегмент на заедничка координација и организација на квалитетен систем за спасување во тешко пристапни планински региони. Нашите предвидувања се дека во иднина како што расте бројот на луѓе кои се движат на планина (особено со развојот на планинскиот туризам) така ќе расте и бројот на несреќни случаи кои ќе имаат потреба од ефикасна и брза единица за спасување.

Антонио Додевски
Секретар на Црвен крст Охрид и
Раководител на единицата за спасување на планина и непристапни терени

 
 
Joomla 1.5 Templates by Joomlashack